Синдикатите на пет јавни универзитети - во Битола, Тетово, Штип, „Св. Апостол Павле“ во Охрид и „Мајка Тереза“ во Скопје денеска од 13 часот пред влезовите на универзитетите ќе одржат мирен протест затоа што не им се потпишани колективните договори.
Тие сметаат дека се игнорирани и диксирминирани од Владата и Собранието во однос на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје чии вработени со потпишаниот колективен договор од овој месец ќе добијат зголемување на платите за околу 22 отсто.
Видете и ова: СОНК: Колективните договори се непотпишани поради опструкции„Останатите пет јавни универзитети го уживаат истиот статус, реализираат иста оштествена дејност, со иста одговорност и со непотпишување на колективниот договор неправедно се изоставени настрана од државата, се вели во соопштението на синдикатите кои нагласуваат и дека „без никаква политичка боја“ ќе протестираат мирно и обединето за „враќање на достоинството, интегритетот и правдата“.
Го поздравуваат спроведувањето на Колективниот договор со УКИМ, но на надлежните им порачуваат дека „истовремено спроведуваат двојни стандарди, дискриминација и нееднаквост“.