Папата Франциск повика на населението во Појасот Газа да му се гарантира „безбеден пристап“ до хуманитарна помош.
Според проценките на Обединетите Нации (ОН), гладот му се заканува на населението на таа територија, која е под блокада и израелски напади од почетокот на војната меѓу Израел и палестинската организација Хамас, која САД и Европската унија (ЕУ) ја сметаат за терористичка и која е под блокада.
„Секој ден во моето срце со тага го носам страдањето на жителите во Палестина и во Израел, поради тековните непријателства“, рече папата на 3 март, по молитвата на плоштадот Свети Петар во Ватикан.
„Го охрабрувам продолжувањето на преговорите за итен прекин на огнот во Газа и целиот регион, така што сите (израелски) заложници да бидат ослободени и вратени кај нивните роднини кои нервозно ги чекаат и цивилното (палестинското) население да може да има безбеден пристап до хуманитарната помош што и е итно потребна“, рече папата и апелираше за итен прекин на непријателствата.
Видете и ова: Се очекува продолжување на преговорите за прекин на огнот во ГазаРаспределбата на помошта во Газа се претвори во драма на 29 февруари кога десетици луѓе загинаа под околности кои се уште не се јасно утврдени.
Во таа прилика луѓето се упатиле кон камионите со хуманитарна помош, создавајќи метеж, израелските војници пукале, а според информациите, во метежот повеќе луѓе биле прегазени токму од тие камиони.
Израелската војска на 3 март објави дека Палестинците биле убиени во стампедо, а не од истрели.
Во меѓувреме, претставниците на Хамас, Катар и САД се состануваат на 3 март во Каиро, во нов циклус преговори со цел да се воспостави примирје во Појасот Газа, објави египетскиот провладин медиум Ал Кахера.
Видете и ова: Израел тврди дека стампедо убило повеќе Палестинци за време на испораката на помош во ГазаВо текот на помалку од пет месеци од војнат вкупно 30.140 Палестинци се убиени во израелската офанзива во Појасот Газа, сопшти на 3 март Хамас, кој контролира поголем дел од територијата.
Војната беше поттикната од нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври, кога беа убиени повеќе од 1.600 израелски цивили, а околу 250 лица беа киднапирани. За време на прекинот на огнот на крајот на ноември беа ослободени 105 заложници во замена за 250 палестински затвореници.