ИДФ тврди дека „поголем број“ Палестинци се убиени или повредени во спорен смртоносен инцидент во близина на камион со хуманитарна помош во северниот дел на Газа, кои загинале како последица на „стампедо“.
„Предупредувачки истрели беа испукани за да се „растера стампедото“ западно од градот Газа во четвртокот“, изјави портпаролот на израелската армија Даниел Хагари.
„Откако нашите сили почнаа да се повлекуваат, неколку разбојници им пријдоа на нашите сили и претставуваа непосредна закана за нив. Војниците им одговорија на неколку поединци“, додаде Хагари.
Сепак, неговото сведочење го оспоруваат медицински лица од околните болници, Палестинци, кои велат дека биле застрелани, како и од Министерството за здравство во Газа со кое раководи Хамас, палестинска организација која САД и Европската унија ја прогласија за терористичка организација.
Видете и ова: Се очекува продолжување на преговорите за прекин на огнот во ГазаВо изјавата на Хагари не се споменуваат забелешките на портпаролот на израелската Влада Ави Химан, кој рече дека „десетици“ луѓе биле убиени од камионите со хуманитарна помош кои „се судриле“ во толпата.
Палестинците и Министерството за здравство на Газа, управувано од Хамас, тврдат дека израелските војници отвориле оган врз толпата која дошла да набави храна и лекови. Министерството соопшти дека загинале повеќе од 100 луѓе.
Шефот на градската болница Ал Авда рече дека 80 отсто од вкупно 176 пациенти примени по инцидентот се со прострелни рани. Останатите, 34 од нив, се повредени во стампедото предизвикано од пукање, изјави д-р Мохамед Салха.
На 2 март, тимови на Обединетите Нации (ОН) и Светската здравствена организација прегледаа голем број пациенти со прострелни рани во болницата Ал Шифа. Околу 70 тела и 700 повредени лица биле примени во болница тој ден, соопшти персоналот.