Преговорите за прекин на огнот во Газа се очекува да продолжат денеска на 3 март во Каиро.
Висок американски функционер рече дека рамката за шестнеделна пауза во борбите е воспоставена и зависи од договорот на Хамас, палестинска организација која САД и Европската унија (ЕУ) ја сметаат за терористичка, да ги ослободи заложниците.
Останува сега Хамас да го прифати договорот за пауза и ослободување на заложниците, кој веќе беше „на маса“ , изјави изворот за Ројтерс.
Во израелските напади врз Рафах во изминатите 24 часа загинаа 25 лица, од кои 11 загинаа кога беше погоден шатор во близина на болница и 14 членови на едно семејство, кои беа убиени кога проектил го погоди нивниот дом.
Видете и ова: Палестинските власти се надеваат на примирје во Газа до РамазанДелегациите на Израел и Хамас се очекува да пристигнат во Каиро на 3 март, изјавија два египетски безбедносни извори, но друг извор информиран за разговорите рече дека Израел нема да испрати делегација додека не ја има целосната листа на заложници кои се уште се живи.
Во меѓувреме, САД ветија дека ќе продолжат со доставување на храна преку воздух во Газа, а преку првата ваква операција на 2 март испорачаа 38.000 оброци.
На 2 март, американската војска потврди дека потонал брод во британска сопственост, нападнат од милитантите Хути и предупреди дека товарот на бродот со опасно ѓубриво претставува ризик за животот на море.