Повеќе граѓани и денеска на 2 март продолжија да доаѓаат и да положуваат цвеќиња на гровот на рускиот опозиционер Алексеј Навални, кој беше погребан во Москва на 1 март по неговата сомнителна смрт во арктичкиот затвор минатиот месец, и покрај големото полициско присуство на гробиштата и апсењата на повеќе повеќе од 120 луѓе ширум Русија за учество на собири во чест на споменот на починатиот опозициски политичар.
Навални беше погребан на гробиштата во близина на неговиот дом каде го поминал детството, а илјадници негово поддржувачи и покрај силното полициско обезбедување сепак се појавија да му оддадат почит.
Рускиот новинар Александар Пљушчев со седиште во Литванија повторно објави на својот канал Телеграм порака од жена која ги посети гробиштата Борисовски утрото на 2 март и рече дека безбедносните сили се уште се на гробиштата во голем број.
„Жената рече дека „сè уште се носат многу цвеќиња, а луѓето продолжуваат да доаѓаат“, и објави неколку фотографии на кои се гледа гробот на Навални покриен со свежо цвеќе и венци. Жената кажа и дека и покрај тоа што полиција е присутна, сепак луѓето поминуваат време на гробиштата“, се вели во објавата на Пљушчев на Телеграм.
Ала Абросимова, мајката на сопругата на Навални, Јулија, на 2 март повторно го посетила гробот на својот зет заедно со мајката на Навални. На Телеграм е објавена фотографија од двете мајки.
Абросимова на 1 март објави видео во кое држи говор на гробот на Навални.
„Јулија денес ми се јави 10 пати. Кажете му нему (Алексеј Навални) директно дека го сакам неизмерно. Иако не мора да зборувате, бидејќи тој тоа многу добро го знае. И знаете, сегс некаде тој е среќен, бидејќи не секој така сака“, вели Абросимова во видеото.
Јулија Навалнаја, која живее надвор од Русија од безбедносни причини, не присуствуваше на богослужбата. Но, таа објави емотивно писмо и видео на Инстаграм во кое му оддава почит на нејзиниот сопруг, велејќи дека успевал да ја насмее, дури и кога бил затворен.
„Не знам како да живеам без тебе, но ќе се потрудам да те направам среќен и горд на мене. Не знам дали ќе успеам, но ќе се обидам “, вели таа во видеото, алудирајќи на нејзиното ветување дека ќе ја продолжи работата на нејзиниот сопруг за да донесе демократија и слобода во Русија.
На роднините и блиските соработници им беше дозволено да присуствуваат во црквата на кратката погребна церемонија на најистакнатиот непријател на претседателот Владимир Путин, пред погребот кој се одржа во околните гробишта.
Видете и ова: Повеќе од 120 лица уапсени во Русија поради учество на собири во чест на НавалниПолициските сили беа присутни во голем број насекаде ширум Русија каде граѓани се собираа да му оддадат почит на Навални, а иако не беа пријавени непосредни инциденти за време на церемониите, сепак полицијата апсеше луѓе во Москва, Новосибирс, Екатеринбург и други руски градови каде граѓаните му оддаваа почит на Навални.