Дел од маркетите веќе ги зголемиле цените откако од денеска повеќе не важи меката на Владата за гарантирани цени на дел од прехранбените производи, според Државниот пазарен инспекторат (ДПИ).
„Она што исто така го имам како информација е дека снабдувачите на големо веќе ги преправаат цените до трговците на мало со тоа што се очекува да се покачат цените, но повикувам на општествена одговорност од страна на трговците на мало и на трговците на големо со цел доколку има простор и можност цените да ги остават на истото ниво“, изјави денеска директорот на Државниот пазарен инспекторат Горан Трајковски.
Тој додава дека дека не можат да влијаат на цените, но верува дека дел од големите ланци на маркети ќе прават акции со кои ќе има намалувања на одредени прехранбени производи.
Видете и ова: Цените европски, а платите балкански, освен за функционеритеВладата денеска од октомври 2023 година објави листа од 50 производи чија цена ја намалена за 10 проценти во однос на цената која ја имале на 1 август истата година. Овие производи добија ознака „гарантирана цена“ во маркетите.
Листата вклучуваше над 50 производи во околу 25 категории од пекарската, млечната, месната индустрија.
Трајковски објасни дека она што во следниот период по запирањето на мерката е контрола на Пазарниот инспекторат дали се почитуваат Законот за трговија, Законот за заштита на потрошувачи.
„Дали соодветно се води трговска евиденција, дали потрошувачите евентуално се доведени во заблуда, една цена на рафт, една цена на каса, реалност на попустите и слично“, рече Трајковски.
Во текот на вчерашниот ден инспекторите на ДПИ направиле контрола во сите големи ланци на маркети низ државата по однос на одлуките на Владата, но за резултатите, како што рече Трајковски, мора да се причека додека надзорите не завршат во целост.