Поднесено е обвинение против градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко за набавката на службениот автомобил „Ауди А6“. Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција на 29 февруари го поднело обвинението до Кривичниот суд Скопје за злоупотреба на службената положба и овластување. Според обвинението Мерко се соочува со максимална затворска казна од 5 години.
„Иницијативата на државната комисија за спречување корупција лутала долго време по обвинителствата и конечно пристигна кај нас. Се состоеше во целосно повикување на извештај на Државниот завод за ревизија, по што следуваше макотрпна работа. Нашето обвинителство го поднесе предлогот, откако се одржа колегиум во кој се договоривме да ги сработиме предметите кои можеби се во друга надлежност а се стигнати кај нас. Ние го испративме во кривичниот суд во Скопје, кој ако се прогласи за ненадлежен, ќе го препратиме во судот во Струга“, велат од обвинителството.
Видете и ова: Антикорупциска иницира кривична за градоначалникот МеркоИнаку за името на Рамиз Мерко, кој во три мандати управува со општина Струга, досега се врзуваа афери и обвинувања за корупција, но ниту една не добила судска завршница.
Антикорупциската комисија (ДКСК) во 2019 година за градоначалникот на Струга иницираше поведување постапка за кривично гонење пред Јавното обвинителство за набавката на луксузниот автомобил „ауди А6“ во Општина Струга.
Рамиз Мерко и неговите членови на семејството во јули 2023 година беа ставени ставени на американската „црна листа“, со што беа првите црната листа на САД по доаѓањето на новата американска амбасадорка Анџела Агелер.
Од ДКСК во 2019 година истакнаа дека градоначалиникот на Општина Струга Рамиз Мерко ја злоупотребил својата положба при набавка на четири автомобили во вкупна вредност на набавката од 114.000 евра меѓу кои и луксузниот автомобил марка „Ауди А6“ со вкупна вредност на набавката од 66.700 евра кое тој го користи. Тие тогаш посочија дека градоначалникот во неговото писмено изјаснување ги отфрла изнесените наводи.
Видете и ова: Мерка за Мерко – непожелен во САД, прв на проширената „црна листа“Тие наведоа дека Мерко во своето писмено изјаснување ги отфрлува наводите со образложение за дотраен возен парк на возила на Општина Струга кој, според него, пред објавување на јавниот оглас за набавка на возила го сочинувале стари возила и тоа еден „Мерцедес Е-класа“ од 2006 година, две „Шкода Фабија“ од 2010 година, едно комбе „Фиат“ од 2010, едно „Ауди А6“ од 2011 година со блокиран мотор и една „Шкода Октавија“ од 2010 година, наведоа од ДКСК.
Од Комисијата посочија дека тој во своето изјаснување навел дека се воздржал од патувања на многу важни состаноци и средби со образложение „од други причини“, бидејќи му било срам да ја каже правата вистина дека нема возило за патување со повисоки перфорамнси, кои гарантираат сигурност и безбедност при патувањето на градоначалникот на Општината.