Претседателот на Република Српска Милорад Додик изјави дека српскиот народ секогаш ќе биде на страната на Русите, дури и ако Русија направи нешто погрешно.
Во интервју за руската државна новинска агенција ТАСС, Додик изјави дека Србите ќе застанат покрај Русија, без разлика на настаните или позицијата на Западот.
„Што и да се случи, Србите ќе бидат на страната на Русите“, рече Додик, кој е листата на санкции на САД и Велика Британија.
Додик кој се сретна со рускиот претседател Владимир Путин на 21 февруари по четврти пат од почетокот на руската инвазија на Украина, рече дека тоа е „чест“.
„Тој (Путин) секогаш не поддржува, бидејќи тоа е пријателство, тоа се добрите односи, разбирање меѓу луѓето, меѓу лидерите, државата и народот. Денес некои го поставуваат прашањето за цената (на ова пријателство). Постои притисок што доаѓа од Западот, кој се обидува да сврти се против Русија. Ние тоа не го правиме“, рече Додик.
Тој оцени дека Путин со доаѓањето на власт спречил распад на Русија, додавајќи дека Путин е „вистински државник, вистински претседател, човек кој ја сака својата земја и својот народ“.
Видете и ова: Србија не се усогласи со декларацијата на ЕУ според која Путин е одговорен за смртта на НавалниДодик истакнува дека српскиот и рускиот народ ги обединува православната вера, придржувањето до истите политички принципи, љубовта кон татковината, патриотизмот и жедта за слобода.
Според него западните земји се обидуваат да им ги наметнат ставовите на Србите, како и да ги „казнат“ со санкции, но дека Западот нема да може да го промени односот на Србите кон Русите.
Видете и ова: Додик се сретна со Путин во Санкт Петербург„Горд сум на Република Српска, на Србите генерално, на начинот на кој тие реагираат на ова. И верувам дека не постои начин на кој Западот би можел со дирекен притисок или на друг начин да го промени мислењето на Србите за Русите“, рече Додик.
Додик смета дека рускиот гасен гигант Газпром и Република Српска успеале да ја одржат соработката во снабдувањето со гас и ќе продолжат да работат на нејзино продлабочување.