Засилено е обезбедувањето на гробиштата Борисовскоје во Москва, каде на 1 март се очекува да биде погребан опозицискиот политичар Алексеј Навални, кој почина во оддалечениот арктички затвор пред речиси две недели.
Неколку полициски пунктови беа поставени во близина на гробиштата и покрај најблиската метро станица, додека на секое улично светло околу гробиштата се поставени безбедносни камери.
По богослужбата во црквата на Богородица, Навални ќе биде погребан на блиските гробишта Борисовское, проследено со краток марш, напиша портпаролката на Навални, Кира Јармиш во објавата на социјалната платформа Икс, претходно позната како Твитер на 28 февруари.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Соработниците на Навални во вторникот објавија дека не можат да најдат сала во Москва за да одржат проштална церемонија за жестокиот критичар на Кремљ поради одбивањето на погребалните агенции и местата да им пружат таква услуга.
Во своето обраќање пред Европскиот парламент на 28 февруари, Јулија Навалнаја, неговата вдовица, рече дека телото на Навални било „злоупотребувано“ по неговата смрт.
Телото на Алексеј Навални, кој почина на 16 февруари, беше предадено на неговата мајка Људмила на 24 февруари.