Украина е подготвена да го ограничи извозот на храна во Европската Унија со цел да се ублажи загриженоста на полските земјоделци, изјави заменик-министерот за економија на Украина, Тарас Качка.
Тој посочи дека Киев може да користи алатки кои ќе го стабилизираат наглото зголемување на извозот во ЕУ.
„Ќе прифатиме извозот да не расте толку брзо и ненадејно како претходните години“, рече Качка, додавајќи дека предвидливоста на пазарот во моментов е поважна за украинските производители отколку „агресивната експанзија“.
Видете и ова: Зеленски ги повика ЕУ и Полска на разговор поради протестите на земјоделцитеПолскиот премиер Доналд Туск вчера изјави дека неговата влада размислува за привремено затворање на границата за трговија со Украина, доколку Варшава не постигне договор со Киев со кој би се ограничил увозот на прехранбени производи.
„Полска плаќа премногу висока цена за одлуката да започне слободна трговија со Украина“, нагласи Туск.
Полските земјоделци започнаа серија протести низ целата земја на почетокот на овој месец, а за време на протестите целосно ги блокираа и сите украински гранични премини, како и пристаништата и низ целата земја.
Земјоделците ширум Европа протестираат со недели против ограничувањата што им ги поставуваат регулативите за „Зелениот договор“ на ЕУ, наменети за справување со климатските промени, како и зголемените трошоци и, како што велат, нелојалната конкуренција надвор од ЕУ, особено Украина.