Неколку припадници на украинските специјални сили се убиени за време на операција во окупираниот дел од областа Херсон на југот на Украина, соопштија во четвртокот силите за специјални операции на украинската армија.
Во соопштението не е прецизирано колку украински војници загинале за време на операцијата, јави украинскиот сервис на Радио Слободна Европа.
Украинскиот јавен сервис „Суспилне“ објави дека група украински војници биле убиени додека се обидувале да се зацврстат на превојот Тендрив во северниот дел на Црното Море, во близина на брегот на регионот Херсон.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Окупациските власти, како што пренесуваат руските новински агенции, соопштија дека руските сили „уништиле група украински диверзанти додека се обидувале да слетаат на Тендривскиот полуостров“.
Војниците кои загинаа припаѓаат на 73-от поморски центар на силите за специјални операции на украинската армија, кој учествуваше во операцијата за ослободување на Змискиот остров на 7 јули 2022 година.