Европската Унија треба да размисли за користење на профитот од замрзнатите руски средства за купување воени материјали за Украина, изјави во среда (28 февруари) претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен.
„Време е да започнеме разговор за користење на неочекуваните профити од замрзнатите руски средства за заедничко купување воена опрема за Украина“, рече таа во говорот пред Европскиот Парламент во кој ја повика ЕУ да направи повеќе за одбранбената политика.
Фон дер Лајен додаде дека „не може да има посилен симбол и поголема употреба на тие пари од тоа да се направи Украина и цела Европа побезбедно место за живеење“.
Видете и ова: Исповед на украински деца: Кога наместо во училиште, одите во подрумПрвата жена на ЕК рече дека опасноста од војна за ЕУ „можеби не е моментална, но не е невозможна“.
„Ризиците од војна не треба да се преувеличуваат, туку треба да се подготвите за нив, а тоа започнува со итната потреба за обнова, надополнување и модернизација на вооружените сили на земјите-членки“, рече шефицата на Европската Комисија.
Видете и ова: Украинските сили се повлекоа од уште две села на истокотФон дер Лајен ја претстави новата индустриска стратегија за европска одбрана што ќе ја претстави Комисијата во наредните недели, велејќи дека една од нејзините главни цели ќе биде да се даде приоритет на заедничките набавки.
„Европа треба да се стреми да ја развие и произведе следната генерација на борбени оперативни способности. Ова значи турбо полнење на нашите одбранбени индустриски капацитети во следните пет години“, рече Фон дер Лајен.
Додаде дека поголемите европски одбранбени напори нема да ја намалат потребата од НАТО.