Измени на шест закони со кои ќе се спречи зголемувањето на платите на функционерите, поднесе пратеничката група на СДСМ и коалиција.
Со овие измени треба да бидат опфатени околу 1.060 именувани и избрани лица, соопшти на 27 февруари пратеникот на СДСМ, Мартин Костовски.
Ќе се менуваат Законот за плата на функционери, Законот за пратениците, за платите на обвинителите, судиите, на членовите на Судски совет и Советот на јавните обвинители. Сите ќе се менуваат по скратена постапка.
Но со овие измени платите на избраните и именуваните функционери нема да имаат нов раст, кој годинава треба да е околу 15 отсто. Сепак платите на функционерите остануваа зголемени, оти минатата година со одлука на Уставен суд платите им се зголемија за 78 отсто.
Видете и ова: Цените европски, а платите балкански, освен за функционеритеПовисоките функционерски плати поттикнаа протести на разни групи работници, а на улица ги извадија и пензионерите.
Пратеничката група на СДСМ и Коалицијата очекуваат поддршка од сите пратеници во македонското Собрание.