На прашањето дали мнозинстовото во законодавниот дом утре (28 февруари) ќе даде поддршка за продолжување на важноста на патните исправи, претседателот на македонското Собрание, Јован Митрески одговори дека меѓународните договори не можат да се менуваат со друг закон.
„Според информациите што ги добивам е дека тој закон нема да ги реши проблемите и дека е спротивен на членот 118 од Уставот во смисла на тоа дека меѓународните договори дека се дел од внатрешниот правен промет и фактички дека не можат да се менуваат со друг закон, така да конечната одлука ќе биде соопштена во текот на денот“, изјави Митрески.
Тој додаде дека во текот на денешниот ден ќе го дополни дневниот ред за утрешната седница за законот на патни исправи, а во врска со поддршката на пратениците рече дека одлуките ги носат самите пратенички групи.
Видете и ова: Тошковски - Пратениците да го сменат Законот за патните исправиОпозициската ВМРО-ДПМНЕ минатата недела повика на поддршка од владеjачкото мнозинство за продолжување на важноста на патните исправи. Според нив, потребни се 15 пратеници од власта, кои заедно со пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, ќе го изгласаат законот за продолжување на важноста на пасошите.
Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски минатата недела пак, изјави дека залудно ќе биде менување на закон со којшто ќе се продолжи рокот на траење на пасошите со Република Македонија, затоа што тоа треба да биде усогласено со Грција и со ЕУ.
Тој посочи дека Владата треба да обезбеди согласност од земјите-членки на ЕУ и од другата потписничка страна – Грција, па потоа да разговара за менување на закон.