Германскиот канцелар Олаф Шолц во понеделникот повторно ја отфрли можноста за испраќање крстосувачки ракети со долг дострел „Таурус“ во Украина во овој момент, наведувајќи го ризикот неговата земја директно да се вклучи во војната.
Германија сега е вториот најголем снабдувач на воена помош за Украина, по САД, и дополнително ја зголемува својата поддршка оваа година.
Сепак, Шолц со месеци го одложува исполнувањето на желбата на Украина за ракетите „Таурус“, кои имаат дострел до 500 километри и кои, теоретски, би можеле да се користат против цели далеку на руска територија.
Тој не кажа категорично дека нема да бидат доставени, но за новинската агенција ДПА го понуди досега најјасното објаснување за неговото колебање, што ја налути и германската конзервативна опозиција и некои од неговата трипартиска коалиција.
Видете и ова: Пендаровски: Заедно со сојузниците во НАТО вложуваме напори да не се одлага помошта за УкраинаКанцеларот долго време ја истакнуваше својата решеност да и помогне на Украина без ескалација на војната и вовлекување на Германија и Северноатлантската алијанса (НАТО) во војната, и нагласи дека ниту еден германски војник нема да отиде во Украина.
Велика Британија и Франција одамна објавија дека испраќаат проектили со долг дострел „Storm Shadow“ или „Scalp“ во Украина.
Шолц во понеделникот рече дека „Таурус“ е „оружје со многу долг дострел“.
„Она што се прави во однос на контролата на целта и придружната контрола на целта од страна на Британците и Французите не може да се направи во Германија. Сите што имале врска со овој систем го знаат тоа“, рече тој.
Прашан дали е загрижен дека германските војници ќе мора да одат во Украина за да контролираат кон што целат проектилите „Таурус“, Шолц рече дека „во ниту едно време и на ниту едно место германските војници не треба да се поврзуваат со целите до кои стигнува овој (Таурис) систем“.
Тој рече дека има добри причини зошто тие проектили не се следната опција на агендата.
„Ова појаснување е неопходно. Изненаден сум што некои луѓе воопшто не размислуваат дали тоа што го правиме може да резултира, така да се каже, со учество во војната“, рече германскиот канцелар.
Шолц посочи дека германската дискусија за ракетите „Таурус“ го изгубила од вид она што сега всушност и треба на Украина.
„Она што и недостига на Украина е муниција за пукање на сите можни растојанија, но не е клучно ова од Германија“, рече тој.
Видете и ова: Кремљ го отфрли предлогот за мировни разговори во Швајцарија, без РусијаМинатата недела германските пратеници ја повикаа владата да обезбеди дополнително оружје со долг дострел за Украина, но го отфрлија повикот на опозицијата за испраќање на крстосувачките ракети со долг дострел „Таурус“.
Предлогот подготвен од владејачките партии ја повикува владата да продолжи со воената поддршка.
Се вели дека „ова вклучува континуирана испорака на неопходните системи за оружје и муниција со долг дострел“ за да се овозможат напади врз „стратешки важни цели далеку во заднината на рускиот агресор“.
Таквата нејасна формулација, според АП, им овозможи на владините претставници да се залагаат или да не се залагаат за испраќање на проектилите „Таурус“.