Палестинскиот премиер поднесе оставка

Палестинскиот премиер Мохамед Штајех

Палестинскиот премиер Мохамед Штајех изјави дека поднел оставка и својата одлука му ја пренел на палестинскиот претседател Махмуд Абас.

Штајех рече дека поднел оставка за да изгради поширок консензус меѓу Палестинците за политичките аранжмани по израелската војна против Хамас, која ЕУ и САД ја прогласија за терористичка организација.

Видете и ова: Израел поставува ултиматум за копнена офанзива во Газа

Потегот доаѓа во време на зголемен притисок на САД врз палестинскиот претседател Абас да ја реорганизира палестинската самоуправа во време кога се интензивираат меѓународните напори за прекин на борбите во Појасот Газа и почеток на работа за создавање политичка структура за управување со енклавата по војната.