Унгарскиот парламент денеска (26 февруари) се очекува да го ратификува приемот на Шведска во НАТО, пренесе ДПА.
Пратениците треба да гласаат за барањето на Шведска за членство во НАТО на првата пленарна седница по враќањето на парламентот од зимскиот распуст. Се очекува гласањето да биде попладне.
Собраниските комисии веќе ја одобрија ратификацијата, недостасува само согласност од целосното собрание.
Видете и ова: Орбан најави договор за одбранбената индустрија со ШведскаУнгарија е единствената од 31 земја-членка на НАТО која сè уште не го ратификувала приемот на Шведска. Сите членови мора да се потпишат на барањата пред да биде примена нова земја.
Будимпешта наведе различни причини за доцнењето. Неодамна, десничарската популистичка влада на премиерот Виктор Орбан рече дека се чувствува „навредена“ од критиките од Шведска за состојбата на владеењето на правото во Унгарија.
Шведска поднесе барање за членство во НАТО заедно со Финска во мај 2022 година во услови на руската војна против Украина.
Финска стана 31-вата членка на Алијансата на почетокот на април минатата година.