Најмалку 32 луѓе кои тагуваа за смртта на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални и ја одбележаа годишнината од целосната инвазија на Москва на Украина беа приведени во Русија на 24 февруари.
Мониторингот за човекови права „ОВД -инфо“ објави дека 32-те лица биле приведени за време на комеморациите во девет руски градови. Од нив 27 биле приведени кога положиле цвеќе во спомен на Навали, кој почина под неразјаснети околности на 16 февруари во оддалечен арктички затвор. Две сопруги на руски војници, кои учествуваа на митингот на група која повикуваше на поправеден третман кон регрутираните, беа приведени заедно со три лица кои протестираа против војната.
Видете и ова: Жданов - Телото на Навални предадено на неговата мајкаРусија започна целосна инвазија на Украина пред точно две години, на 24 февруари 2022 година. Според ОН, за тоа време во Украина биле убиени 10.582 луѓе, а речиси дваесет илјади биле повредени. ОН велат дека реалниот број на жртви е веројатно многу поголем.
ОН, исто така, документираа широко распространето мачење, малтретирање и произволно притворање на цивили од страна на руската војска. На окупираните територии се забележани егзекуции по кратка постапка, присилни исчезнувања и потиснување на правата на слобода на говор и собирање.