Повеќе од 100 лица се убиени во нападите во текот на ноќта во Газа, пријавено е рано на 24 февруари, додека шефот на израелската разузнавачка агенција беше во Париз на разговори со цел да се „одблокира“ напредокот кон примирје и враќање на заложниците кои ги држат палестинските милитанти.
Во посета на Париз е израелска делегација предводена од Давид Барнеа, шеф на разузнавачката агенција Мосад.
Преговорите во Париз доаѓаат откако планот за повоена Газа што го обелодени израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху наиде на критики од клучниот сојузник Соединетите Американски Држави и беше отфрлен од палестинските власти и Хамас, организација што ЕУ и САД ја сметаат за терористичка.
Преговорите, исто така, доаѓаат во време кога стравувањата за цивилите на територијата се продлабочуваат, при што ОН предупредуваат за зголемениот ризик од глад. Од главното тело на ОН за помош за Палестинците, УНРВА, на почетокот на 24 февруари рекоа дека луѓето во Газа се „во екстремна опасност додека светот внимава.“
Видете и ова: Израел го нападна Рафа додека се водат преговори за примирјеВојната започна кога Хамас започна напад на 7 октомври, што резултираше со смрт на околу 1160 луѓе во Израел, повеќето од нив цивили, според официјалните израелски податоци. Според Израел, милитантите на Хамас зеле околу 250 заложници, вклучително и 30 мртви.
Во израелската кампања на одмазда загинаа најмалку 29.606 луѓе, претежно жени и деца, според најновото пребројување на Министерството за здравство на територијата кое го води Хамас.