Институтот за јавно здравје утврдил дека во периодот од 16 до 22 февруари, се пријавени 28 нови случаи на голема кашлица. Најголем дел од случаите се во Скопје, но пријавени се случаи и во Тетово, Куманово и во Струга. Од новите 28 случаи, четири случаи се хоспитализирани.
Станува збор за три деца на возраст под една година и едно од возрасната група од една до четири години, се наведува во најновиот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), објавен вечерва.
Пред два дена претседателот на Комисијата за заразни болести Александар Петличковски денеска изјави дека состојбата со големата кашлица е под контрола, но не е стабилна, бидејќи се уште има пораст на потврдени случаи.
Видете и ова: Во следниот период ќе расте бројот на заболени од голема кашлица кај повозрасната популацијаВозраста на заболените се движи до 47 години, а најголем број на случаи се од возрасните групи деца под една година и од 10 до 14 години. Од почетокот на годинава има вкупно 67 случаи на голема кашлица. По однос на место на живеење, најголем број лица живеат во Скопје - во девет различни општини, пет лица се од Тетово, четири лица живеат во Куманово, во Гостивар - две и едно во Струга.
Од заболените, регистрирани се 25 лица со хоспитализација и тоа 20 од нив на возраст до четири години.
И понатаму останува препораката за надополнување на пропуштените вакцинални дози. Од 18 јанури до 14 февруари, вкупно се вакцинирани над 13 илјади деца.
Од 56 потврдени случаи, 46 се од Скопје, а има и во Тетово, Куманово и Гостивар.
Големата кашлица е едно од најзаразните заболувања. Кашлањето е често, силно, трае и до 100 дена. Силната бактериска инфекција може да предизвика дополнителни компликации.