Поранешниот прес-секретар на рускиот опозициски политичар Алексеј Навални, Кира Јармиш, на социјалните мрежи објави дека истражителите и дале на мајка му три часа да се согласи да го погребат тајно и без церемонија. Ултиматумот, рече Јармиш, бил поставен околу 17 часот по московско време.
Ако Људмила Навалнаја не се согласи, официјалните лица рекоа дека ќе го погребаат нејзиниот син во поправната колонија каде што починал. Јармиш рече дека Навалнаја одбила да преговара со Истражниот комитет, велејќи дека не е овластен да одлучува каде и како ќе биде погребан нејзиниот син.
Јармиш рече дека Навалнаја инсистирала дека, според законот, телото на нејзиниот син мора да и биде предадено во рок од два дена по официјалното утврдување на причината за смртта. Терминот истекува на 24 февруари.
Претходно Михаил Ходорковски, водечки руски опозиционер рече дека владата на рускиот претседател Владимир Путин веројатно одбива да го ослободи телото на опозицискиот политичар Алексеј Навални, бидејќи стравува од масовен излив на тага и поддршка непосредно пред претседателските избори во земјата во март.
Видете и ова: Путин стравува дека погребот на Навални може да предизвика масовни демонстрации, вели ХодорковскиЉудмила Навалнаја, мајка на починатиот опозициски политичар Алексеј Навални, поднесе тужба до рускиот суд барајќи да и биде предадено телото на нејзиниот син.
Навални почина во затвор на 16 февруари, но официјалните лица постојано одбиваат да го предадат телото на неговото семејство, тврдејќи дека истрагата за причините за смртта ќе трае до две недели.
Затворските власти соопштија дека Навални (47) починал откако се онесвестил по прошетка.