Унгарија го блокираше соопштението на Европската Унија што таа требаше да го објави подоцна денеска (23 февруари) за да ја одбележи втората годишнина од руската целосна инвазија на Украина на 24 февруари.
Според извори на Радио Слободна Европа од Брисел, наместо тоа, ЕУ работи на изјава што ќе биде издадена во име на тројцата претседатели на главните институции - Урсула фон дер Лајен од Европската Комисија, Роберта Мецола од Европскиот Парламент и Шарл Мишел од Европскиот Совет.
За да се објави соопштение во име на ЕУ, треба да се согласат сите 27 земји-членки, при што Будимпешта се спротивставила на тоа без да понуди конкретно објаснување. Според дипломатски извори, Унгарија не се согласувала во целост со формулацијата на изјавата, зошто според изворот таа била „едноставно премногу силна за нив“.
Видете и ова: Советот на Европа ја повтори целосната поддршка за КиевУнгарија во последниве години отфрли бројни изјави на ЕУ, од кои последната на почетокот на оваа недела кога ја блокираа заедничката изјава на 26-земји членки за очекуваната израелска воена операција против Хамас во јужниот дел на Газа. ЕУ и САД ја прогласија Хамас за терористичка организација.
Претходно, Унгарија исто така стави вето на текстовите во кои се критикуваат Кина, Русија и Азербејџан поради војната против Ерменија.