Советот на Европа ја повтори целосната поддршка за Киев

илустрација

Лидерите на Советот на Европа (СЕ) во заедничка изјава по повод две години од почетокот на руската агресија врз Украина, ја повторуваат нивната целосна солидарност и поддршка за Киев.

Министерството за надворешни работи, образование и спорт на Лихтенштајн и претседателот на Комитетот на министри Доминик Хаслер, претседателот на Парламентарното собрание Теодорос Русопулос и генералниот секретар Марија Пејчиновиќ Буриќ објавија дека се шокирани од неодамнешното зголемување на цивилните жртви предизвикани од руското бомбардирање.

„Загрижени сме за судбината на децата кои Русија незаконски ги депортираше од Украина или насилно ги префрли на териториите кои привремено ги окупираше. Ја нагласуваме важноста на работата на Советот на Европа, вклучувајќи ја и Консултатската група за деца на Украина, која ги координира акциите поврзани со децата кои побарале засолниште во други земји-членки на Советот на Европа“, пишува во изјавата на Советот на Европа.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Столтенберг: НАТО сојузниците се решителни да и помогнат на Украина да победи

Се наведува дека поради заклучокот на СЕ дека не може да има траен мир без одговорност, создаден е Регистарот на штети предизвикани од агресијата во кој во моментов учествуваат 43 земји и Европската Унија, а кој ќе биде целосно оперативен со првите барања кои ќе бидат поднесени оваа пролет.

„Водени од нашата посветеност на правдата, ќе продолжиме да работиме на тоа руските цивилни и воени власти да одговараат пред надлежните судови за злосторствата извршени против Украина и нејзиниот народ, се вели во заедничкото соопштение.