На највисоко ниво беше јасно кажано дека одржувањето блиски врски со Русија и Белорусија е некомпатибилно со европскиот пат, порачуваат од Европската Унија (ЕУ) еден ден откако Милорад Додик, претседателот на Република Српска, се состана со рускиот претседател Владимир Путин.
Ова се наведува во одговорот на Канцеларијата на ЕУ во Босна и Херцеговина на прашањето на Радио Слободна Европа (РСЕ) за средбите на Додик со Путин и белорускиот претседател Александар Лукашенко.
Пред средбата со Путин, Додик се сретна со Лукашенко на 19 февруари во Минск.
„Босна и Херцеговина, како земја со јасна и кредибилна европска перспектива, се очекува да ја усогласи својата надворешна, безбедносна и трговска политика со политиките на Европската Унија“, се вели во одговорот на Фердинанд Кениг, портпарол на Делегацијата на ЕУ во Босна и Херцеговина.
Видете и ова: Додик се сретна со Путин четврти пат од почетокот на агресијата во УкраинаДелегацијата на ЕУ нагласува дека „неиспровоцираната воена агресија на Русија против Украина, извршена со поддршка на Белорусија, е грубо кршење на меѓународното право и основните човечки вредности и ја загрозува европската и глобалната безбедност и стабилност“.
Потсетуваат дека инвазијата и предизвикала проблеми на Босна и Херцеговина „поради зголемувањето на цените на храната и енергијата и зголемената глобална нестабилност“.
Европската делегација посочува и дека режимите на Путин и Лукашенко се закана за „безбедноста и слободата на сопствените граѓани“, што е илустрирано со неодамнешната смрт на политичките затвореници - Алексеј Навални во Русија и Ихар Ледник во Белорусија.
Видете и ова: Алексеј Навални пронајден мртов во затворотСпоред нив, ЕУ договорила 13 опсежни пакети санкции како одговор на целосната инвазија на Украина. Додик, кој е под санкции на САД и ЕУ, на средбата со рускиот лидер во Казан рече дека „РС одбива да се приклучи на санкциите против Русија“ и покрај, како што наведе, секојдневните притисоци.
Тој ги истакна добрите односи на РС кон Русија и лично Путин, додека рускиот претседател рече дека односите на оваа БиХ субјекти и Русија конструктивна.
Поради противењето на официјални лица од РС, иако Босна и Херцеговина се согласи со европските санкции против Русија, тие не беа целосно спроведени.
Од почетокот на руската инвазија на Украина во февруари 2022 година, ова е четврта средба меѓу двајцата лидери. Додик е еден од ретките европски функционери кои во тој период се сретнале со руски и белоруски претставници.
Канцеларијата на високиот претставник во БиХ претходно за РСЕ изјави дека „БиХ се обврза да ги следи безбедносните и надворешнополитичките насоки на ЕУ“ на нејзиниот пат кон Европа и дека тоа „ја исклучува соработката со земјите кои се под санкции“.