Шефот на дипломатијата, Бујар Османи ќе биде кандидат за претседател на Демократската унија за интеграција, најави лидерот на партијата, Али Ахмети. Во видео обраќање од седиштето на партијата во Мала Речица, Ахмети ги повика граѓаните да се обедини за најважниот референдум во ова време: „НЕ за Русија, ДА за Европа“ и да се избере претседател и потпретседател со 2/3 мнозинство од гласовите и со Бадентерово двојно мнозинство во Собранието.
Според Ахмети, отворањето на Уставот за прашањето за претседателот ќе овозможи реализација на договорот за добрососедство и продолжување на евроинтеграциите.
„Ве поканувам да ни се придружите на најважниот референдум во тоа време за: Кажете „НЕ“ на Русија, „ДА“ на Европа! Ајде да избереме претседател и заменик претседател со 2/3 од гласовите и двојно мнозинство Бадентер. Бујар треба да ја очекува оваа промена што ја бараме и во нашата програма за 2016 и 2020 година. Отворањето на Уставот за случајот на претседателот ќе овозможи и усвојување на Договорот за добрососедство и продолжување на европската интеграција“, рече Ахмети.
Видете и ова: Пендаровски и Силјановска-Давкова влегуваат во претседателската трка?Во меѓувреме, извесно е дека актуелниот претседател Стево Пендаровски и пратеничката Гордана Силјановска-Давкова, според информации од партиите, ќе бидат претседателски кандидати на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ на претстојните избори.
На гласачкото ливче за претседателските избори претендира да се најде и Стевчо Јакимовски, кој вчера (21 февруари) официјално ја објави кандидатурата.
Покрај имињата кои излегоа вечерва, претходно кандидати објавија и од албанскиот опозициски блок Европски сојуз за промени, кој застана зад актуелниот градоначалник на Гостивар Арбен Таравари, како и партијата Левица која ќе ја кандидира професорката од Филозофскиот факултет во Скопје, Билјана Ванковска. Независна кандидатура најави и докторот Вело Марковски.
Првиот круг од претседателските избори ќе се одржи на 24 април, додека вториот на 8 мај. Заедно со вториот круг, ќе се одржат и парламентарни избори.