Људмила Навалнаја, мајка на починатиот опозициски политичар Алексеј Навални, поднесе тужба до рускиот суд барајќи да и биде предадено телото на нејзиниот син.
Судот во арктичкиот регион Јамало-Ненец на 21 февруари објави дека сослушувањето за тужбата ќе се одржи на 4 март.
Навални почина во затвор на 16 февруари, но официјалните лица постојано одбиваат да го предадат телото на неговото семејство, тврдејќи дека истрагата за причините за смртта ќе трае до две недели.
Мајката на Навални бара да биде предадено телото на нејзиниот син откако беше објавена неговата смрт во специјален режимски затвор, најстрог тип на казнено-поправен дом во Русија.
Затворските власти соопштија дека Навални (47) починал откако се онесвестил по прошетка.
Видете и ова: Путин унапреди висок службеник во затворот каде што почина НавалниОд градскиот суд во Салехард за ТАСС изјавија дека сослушувањето на 4 март за тужбата на Навалнаја ќе се одржи зад затворени врати.
На 20 февруари, Навалнаја објави видео на социјалните мрежи пред оградата на таканаречениот затвор „Поларен волк“, молејќи го претседателот Владимир Путин за помош.
„Зборувам со тебе, Владимир Путин. Решението на оваа работа зависи исклучиво од тебе. Дозволете ми конечно да го видам мојот син. Барам телото на Алексеј веднаш да биде предадено, за да можам да го погребам како човек“, рече таа во видеото.
Еден ден претходно, вдовицата на Навални, Јулиј Навалнаја, го обвини Путин дека го убил нејзиниот сопруг и ги обвини функционерите дека „кукавички и гнасно го криеле неговото тело, одбивајќи да и го дадат на мајка му и мизерно лажеле“.
Кремљ ги отфрли сите обвинувања за вмешаност или последователно прикривање на смртта на најгласниот критичар на Путин.
Службениците на казнено-поправната установа ѝ рекле на Навалнаја дека телото на нејзиниот син е во мртовечницата во Салехард, но се воспостави дека мртовечницата била затворена таа вечер, додека нејзините вработени и рекле на Навална дека го немаат телото на нејзиниот син.
Еден ден подоцна, Навалнаја повторно дошла во мртовечницата, но не и било дозволено да влезе.
Видете и ова: Мајката на Навални побара од Путин да и го предаде телото на нејзиниот синИстражниот комитет објави дека истрагата за смртта на нејзиниот син е проширена бидејќи истражителите вршат „хемиска форензика“ на телото на Навални.
Соработникот на Навални, Иван Жданов, на 19 февруари изјави дека властите може да го задржат неговото тело две недели, додавајќи дека целта на продолжувањето на истрагата „е да се прикрие злосторството“.
Откако беше објавена неговата смрт, руската полиција ги опколи меморијалните места каде што луѓето положуваа цвеќиња и свеќи во чест на Навални и растераа и уапсија стотици луѓе во десетици градови.
Организацијата ОВД-Инфо објави дека од 21 февруари 397 лица во 39 градови во Русија се приведени поради учество на настаните во спомен на Навални.