Руски хакери нападнале владини и парламентарни веб-страници во Белгија, вклучително и страницата на премиерот Александре де Кро, јавија локалните медиуми.
Веб страниците вчера попладне неколку часа биле недостапни или имале тешкотии при вчитување.
Одговорноста за нападот ја презеде групата „НоНејм057(16), која претходно се обиде да ги затвори белгиските официјални страници на интернет.
Видете и ова: Мајкрософт соопшти- хакиран од група поддржана од РусијаГрупата наведе дека нејзините акции се поврзани со помошта што Белгија и ја дава на Украина.
Според белгиските служби за кибербезбедност изминатите месеци зачестиле хакерските напади.