Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко ги повика агенциите за спроведување на законот да организираат патроли вооружени со лесно оружје на улиците на белоруските градови за да се осигури безбедноста на луѓето.
„Луѓето треба да се чувствуваат безбедно дома, на работа, на улица, во секое време од денот“, посочи Лукашенко во видеото од состанокот со највисоките безбедносни агенции во земјата, објавено на државната веб-страницата „Пул Первава“.
Лукашенко наведе дека иако стапката на криминал во Белорусија се намалува, земјата е изложена на ризик од злосторства од „екстремистичка природа“.
„Денес, ова е најважниот аспект на одржувањето на законот и редот – потиснување на дејствијата на бандитите и спречување на загуба на души кои сè уште целосно не разбираат како странските куратори ги таргетираат. Ги предупредувам Министерството за внатрешни работи, КГБ, специјалните служби, сите, обвинителството – сите: мораме да ја преземеме контролата над ова. Нашите патроли мора да бидат на улиците. Патролите мора да бидат вооружени со мало оружје, барем со пиштоли“, посочи Лукашенко.
Видете и ова: „Тешки времиња“ за белоруските медиуми во странствоРепресијата во Белорусија е во полн ек од претседателските избори во 2020 година на кои победи Лукашенко, кој е на власт од 1994 година и лојален сојузник на рускиот претседател Владимир Путин.
Таа изборна победа опозицијата не ја призна, а потоа се организираа големи протести кои беа задушени. Оттогаш, стотици активисти, новинари, бранители на човекови права и обични граѓани се осудени на долги затворски казни или принудени на егзил.