Мајката на починатиот противник на Кремљ, Алексеј Навални, во вторникот го повика рускиот претседател Владимир Путин без одлагање да и го предаде телото на нејзиниот син, кој почина на 16 февруари во затвор во кругот на Арктикот.
„Апелирам до вас, претседателе Владимир Путин, бидејќи решението за овој проблем зависи само од вас. Дозволете ми конечно да го видам син ми. Ве молам телото на Алексеј да се врати без одлагање за да можам да организирам достоен погреб“, изјави Људмила Навални во видео снимка во близина на казнената колонија каде умре Навални.
Тимот на Алексеј Навални во понеделникот соопшти дека истражителите ќе спроведат „хемиско вештачење“ на неговите посмртни останки најмалку 14 дена пред телото да му се предаде на семејството.
Неговиот тим ги обвинува руските власти дека го кријат телото, бидејќи сметаат дека Навални е Убиен. Навални на 47 годишна возраст почина во петокот, како што тогаш соопшти затворската служба.
Видете и ова: Повеќе од 67 000 Руси бараат телото на Навални да му биде предадено на семејствотоПовеќе од 67.000 руски државјани испратија официјални писма до Истражниот комитет на Русија, преку кои бараат телото на Навални да се врати на неговото семејство, пренесува Медуза.
Иницијативата започната од групата ОВД која се бори за човековите права и слободи, доаѓа во момент кога Европската Унија повикува на независна меѓународна истрага за смртта на рускиот опозиционер.
Вдовицата на критичарот на Кремљ, Јулија Навални, претходно јавно го обвини Путин за смртта на својот сопруг и вети дека ќе ја продолжи борбата против Кремљ и ќе ги казни одговорните за неговата смрт.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Министрите за надворешни работи на ЕУ во Брисел повикаа на дополнителни санкции кон Москва за таа да се смета за одговорна за смртта на Навални.
„Русија мора да дозволи независна и транспарентна меѓународна истрага за околностите на неговата изненадувачка смрт“, стои во соопштението на министрите за надворешни работи на ЕУ.