Судот во Москва издаде налог за апсење на двајца критичари на Кремљ

Леонид Гозман

Московскиот суд во вторник (20 февруари) издаде налози за апсење на двајцата самопрогонети критичари на Кремљ, економистот Константин Сонин и политичарот Леонид Гозман, кои се обвинети за ширење лажни информации за руски војници вклучени во војната во Украина.

Сонин бил вработен во Вишата економска школа и во Новото економско училиште во Москва. Од 2015 година е професор на Универзитетот во Чикаго.

Видете и ова: Русија издаде налог за апсење во отсуство на писателот Борис Акунин

Гозман ја напушти Русија минатиот септември, откако отслужи две последователни 15-дневни затворски казни под обвинение дека ја изедначил Русија од советско време со нацистичка Германија.

И Сонин и Гозман отворено ја осудија инвазијата на Москва на Украина која започна 24 февруари 2022 година.

Пред неколку дена рускиот суд издаде налози за апсење во отсуство на писателот Борис Акунин, кој е обвинет за повикување на „тероризам“ и ширење „лажни информации“ за руската војска.

Ист налог беше издаден и за рускиот адвокат и отворен критичар на Кремљ, Илја Новиков. Новиков се бара во Русија под обвинение за велепредавство и дистрибуирање на „лажни“ информации за руските вооружени сили вклучени во тековната инвазија на Москва на Украина.