Повеќе од 67 000 руски граѓани испратија официјални белешки до Истражниот комитет на земјата во кои бараат телото на Алексеј Навални да му биде вратено на неговото семејство, бидејќи гневот расте поради одбивањето на руските власти да го предадат телото на противникот од Кремљ, пишува Медуза.
Иницијативата покрената од групата за човекови права ОВД-Инфо доаѓа откако Европската Унија повика на независна меѓународна истрага за смртта на Навални во оддалечениот затворски логор на Арктикот, што руските власти го објавија на 16 февруари.
Вдовицата на критичарот на Кремљ, Јулија Навални, јавно го обвини рускиот претседател Владимир Путин за смртта на нејзиниот сопруг и вети дека ќе ја продолжи борбата против Кремљ и ќе ги казни одговорните за неговата смрт.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Иницијативата ОВД-Инфо ја користи услугата „Dyatel“, која им овозможува на граѓаните да испраќаат официјални барања преку интернет.
Портпаролката на Навални, Кира Џармиш, на 19 февруари на платформата X, нашиша дека руските власти му кажале на семејството дека ќе бидат потребни две недели за да се заврши обдукцијата.
Инспекторите им рекле на адвокатите и мајката на Алексеј дека нема да им го дадат телото.
„Телото ќе биде под некаков „хемиски преглед“ уште 14 дена. Лажат, си купуваат време и не го ни кријат тоа “, напиша Јармиш.
Видете и ова: Повеќе европски земји ги повикаа руските дипломати на консултации за смртта на НавалниМинистрите за надворешни работи на Европската Унија во Брисел повикаа на дополнителни санкции против Москва со цел таа да биде одговорна за смртта на Навални.
„Русија мора да дозволи независна и транспарентна меѓународна истрага за околностите на неговата ненадејна смрт. ЕУ нема да штеди напор да ги повика на одговорност руското политичко раководство и власти во тесна координација со нашите партнери и да наметне дополнителни трошоци за нивните акции, вклучително и санкции“, се вели во соопштението.
Навалнаја, која и самата стана гласен критичар на Кремљ во последниве години, вети дека ќе ја „продолжи нашата борба за нашата земја“ додека патуваше во Брисел за да побара поддршка од блокот од 27 земји-членки.
Алексеј Навални беше пронајден мртов во казнената колонија на затворот во Русија на 16 февруари.