Руски напади на југот и истокот од Украина

илустрација

Украинските сили за воздушна одбрана соборија 23 беспилотни летала лансирани од Русија на територијата на Украина на 20 февруари, објави армијата на Телеграм.

Претходно на 20 февруари беше прогласена тревога за воздушен напад за регионите Кироворад, Херсон, Миколаев, Запорожје, Доњецк, Дњепропетровск, Полтава и Харков, соопштија воени и регионални власти.

Засега нема информации за жртви или материјална штета.

Видете и ова: Зеленски предупреди на „исклучително тешки“ услови за украинските војници на фронтот

Руската војска редовно ги напаѓа украинските региони со различни видови оружје - беспилотни летала, проектили и противвоздушни ракети.

Во јануари Русија ги засили нападите, како резултат на кои загинаа десетици луѓе, а стотици беа ранети.

И покрај доказите и сведочењата, Москва негира дека гранатирала цивили во Украина од почетокот на нејзината целосна инвазија пред две години.