Дури и при имплементација на решение за две држави меѓу Израел и Палестинците, Тел Авив ќе ја задржи воената контрола врз сите палестински територии, изјави израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.
„Во сите случаи, со или без трајно решавање на конфликтот, Израел ќе одржи целосна воена контрола врз сите области западно од реката Јордан, вклучително и Западниот Брег и Појасот Газа“, истакна Нетанјаху.
Видете и ова: Нетанјаху му повторил на Бајден дека отфрла палестински суверенитет во ГазаСоединетите Држави, сојузник на Израел, сè повеќе повикуваат на решение за две држави што предвидува мирен соживот меѓу еврејска и палестинска држава што ќе ги вклучи палестинските територии окупирани од Израел во 1967 година. – Западниот Брег, Источен Ерусалим и Појасот Газа.
Видете и ова: Папата смета дека е потребно е решение со две држави за Израел и ПалестинаНетанјаху, како претставник на израелската десница, својата политичка кариера ја изгради главно на неговото цврсто противење на решението за две држави.
Нетанјаху вети дека ќе го уништи Хамас, која САД и ЕУ ја прогласија за терористичка, и ќе ја демилитаризира Газа откако палестинското милитантно движење го нападна Израел на 7 октомври и се повеќе се спротивставува на притисокот на САД за план кој вклучува некаква форма на палестинска државност.
Во војната во Газа загинале најмалку 28985 Палестинци, главно жени и деца, соопштија палестинските здравствени власти. Околу 80 отсто од населението во Газа е раселено, а четвртина се соочува со глад.