Министрите за надворешни работи на Естонија, Летонија и Литванија рекоа дека рускиот план да одржи избори на „привремено окупирана и нелегално анектирана украинска територија е „тешко кршење на меѓународното право“.
Тие велат дека со тоа исто така ќе биде прекршена Повелбата на ОН и независноста, суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина.
Видете и ова: Естонија предупредува дека Русија се подготвува за воен конфликт со ЗападотВо заедничката изјава од 19 февруари, министрите на балтичките земји на НАТО наведоа:
„Силно ги осудуваме овие неприфатливи одлуки на политичкото раководство на Русија“, се вели во заедничката изјава.
Тие додадоа дека политичкото раководство на Русија и оние кои се вклучени во организирање на таква акција „ќе ги сносат последиците од овие незаконски активности.“