Меморијалниот центар во Сребреница на 19 февруари потпиша Меморандум за разбирање и соработка со Холандскиот институт за ветерани, соопшти центарот посветен на споменот на жртвите на геноцидот во Сребреница од јули 1995 година.
Во 1995 година, членовите на холандскиот баталјон ја обезбедуваа базата на ОН во Поточари, каде што жителите на Сребреница неуспешно бараа заштита, бегајќи од Војската на Република Српска.
Пред нешто повеќе од четири години, во судска пресуда е утврдено дека Холандија е делумно одговорна за нивната смрт.
Целта со потпишувањето на Меморандумот е попрецизно да се дефинира соработката со ветераните на холандскиот баталјон на силите на ОН, кој беше одговорен за безбедноста на луѓето во „Безбедното подрачје на ОН во Сребреница“, беше речено за време на потпишување.
Видете и ова: Лекар во Босна криел коски од жртви во Сребреница во неговиот двор„Потпишувањето на Меморандумот за разбирање може да се смета за значајна потврда за важноста на нашата соработка и меѓусебно почитување“, рече директорот на Институтот за ветерани, Пол Хофслут.
Мајките на Сребреница оваа соработка ја оценија како важна.
Оваа соработка е мост кој треба да не обедини во заедничката борба за вистината и споменот на жртвите од геноцидот во Сребреница“, велат од Здружението на мајки од Сребреница.
Меморијалниот центар во Поточари е основан во 2000 година како место за сеќавање на жртвите од геноцидот во Сребреница, извршен во јули 1995 година од страна на Армијата на Република Српска.
Според пресудите на меѓународните и судовите во БиХ, убиени се повеќе од 8.000 Бошњаци, а во Меморијалниот центар до денес се погребани 6.751 жртва.
Се уште се трага по 1.200 од нив.