Сијарто - Воведување дополнителни санкции против Русија нема смисла

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.

Воведувањето дополнителни европски санкции против Русија нема смисла и само ѝ штети на економијата на Европската унија, изјави унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.

„ЕУ продолжува со неуспешната стратегија [на воведување санкции]“, рече Сијарто на прес-конференција на 19 февруари во Брисел.

Видете и ова: Борел: Путин ќе мора да одговара за смртта на Навални

Сепак, тој нагласи дека Унгарија нема да стави вето на санкциите.

Неколку министри повикаа на воведување дополнителни санкции за Русија во понеделник пред почетокот на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ во Брисел.

Европската унија веќе воведе неколку пакети санкции против Москва, вкупно 12, и се подготвува да го усвои 13-тиот пакет пред втората годишнина од почетокот на руската инвазија врз Украина, на 24 февруари.