Зеленски ги посети војниците на првата линија на фронтот

Зеленски со украински војници во Купјанск, Украина, 19 февруари 2024 година.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го посети североисточниот сектор на првата линија на фронтот, каде што се сретна со војниците кои се борат против инвазијата на руските сили, соопшти неговиот кабинет.

Зеленски го посети командното место на бригадата која го брани Купјанск - град кој од средината на есента е цел на засилени руски напади, пренесува Ројтерс.

Градот беше ослободен од украинските сили во 2022 година по првичната окупација од страна на руските трупи, по инвазијата на 24 февруари истата година.

Киев вели дека Москва не се откажала од идејата да ја врати контролата врз Купјанск, кој е во близина на вториот по големина град во Украина, Харкив.

Видете и ова: Грузиската претседателка вели дека ако Путин победи во Украина, членките на ЕУ се следни „на удар“

За време на своето патување, Зеленски разговараше со командантот на бригадата за набавка на опрема и муниција во секторот.

Тој им додели награди на бранителите, соопштија од неговиот кабинет.

По неуспешната украинска контраофанзива во 2023 година, руските трупи ја засилија офанзивата долж линијата на источниот фронт.

Украина во текот на викендот објави дека ги повлекла своите војници од разурнатиот источен град Авдијевка за да избегне повеќе жртви и да биде опколен од руските сили.

Заземањето на Авдијивка ја означи најголемата победа на Русија на бојното поле од заземањето на Бахмут во мај 2023 година.