ЕУ започнува поморска мисија за заштита на бродовите во Црвеното Море

Член на милитантната група Хути на товарниот брод Галакси Лидер во Црвеното Море, 20 ноември 2023 година.

Европската унија на 19 февруари започна поморска мисија за заштита на товарните бродови во Црвеното Море од нападите на бунтовниците Хути во Јемен, кои го попречуваат поморскиот сообраќај и трговијата и предизвикуваат пораст на цените.

Мисијата, наречена „Аспидес“, или на грчки „Штит“, ќе биде оперирана од Лариса, Грција и ќе биде под команда на поморскиот офицер Василос Грипарис.

Мисијата на ЕУ нема да учествува во воени напади и ќе работи само на море, пренесува агенцијата АП.

Видете и ова: Хутите ветија одговор на американските и британските напади врз 36 цели во Јемен

Јеменското движење Хути врши напади со беспилотни летала и ракети врз трговски бродови во знак на протест против операцијата на израелската војска во Појасот Газа која започна во октомври.

Американските и британските сили извршија повеќе напади на локации што ги користат бунтовниците во Јемен.