Палестинскиот министер за надворешни работи Ријад ал Малики побара итен прекин на израелската окупација на палестинските територии на почетокот на сослушувањата за правниот статус на спорната земја пред Врховниот суд на Обединетите нации.
Повеќе од 50 држави ќе ги изнесат своите аргументи пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг до 26 февруари, по барањето на Генералното собрание на ОН во 2022 година за советодавно или необврзувачко мислење за окупацијата, потсетува Ројтерс.
Израелските лидери долго време оспоруваа дека териториите се официјално окупирани врз основа на тоа што тие биле заземени од страна на Јордан и Египет за време на војната во 1967 година, а не од суверена Палестина.
Видете и ова: Израел поставува ултиматум за копнена офанзива во ГазаАл-Малики го обвини Израел дека практикува дискриминација и апартхејд врз Палестинците со децении - обвиненија што Израел ги отфрла - тврдејќи дека им е оставен избор помеѓу „расселување, потчинување или смрт“.
„Единственото решение што е во согласност со меѓународното право е веднаш, безусловно и целосно да се стави крај на оваа нелегална окупација“, рече тој.
Се очекува дека на судиите ќе им требаат неколку месеци за рагледување пред да го дадат своето мислење.
Израел ги игнорираше таквите правни мислења во минатото, но тоа може да го зголеми политичкиот притисок поради неговата војна во Газа, во која израелската војска уби околу 29.000 Палестинци, според здравствените власти во Газа, откако Хамас којшто САД и ЕУ го назначија за терористичка организација, го нападна Израел на 7 октомври.
Израел ги освои Западниот Брег, Газа и Источен Ерусалим - области на историската Палестина што Палестинците ги бараат за држава - во конфликтот во 1967 година. Израел се повлече од Газа во 2005 година, но сè уште ги контролира границите со соседен Египет.
Сослушувањето е дел од палестинските напори меѓународните правни институции да го проверат однесувањето на Израел. Тие се интензивираа по израелската војна против Газа, која дојде како одговор на нападите на Хамас во кои загинаа 1.200 луѓе, според израелските податоци.
Видете и ова: Египет достави Меморандум против Израел пред Меѓународниот суд на ОНАл Малики ги повтори обвинувањата за израелски геноцид во Газа кои Израел беше решен да ги отфрли на одделни сослушувања во Хаг минатиот месец.
„Геноцидот што се случува во Газа во моментов е резултат на децениска неказнивост и неактивност. Да се стави крај на неказнивоста на Израел е морален, политички и правен императив“, рече Ал-Малики.
Израел соопшти дека се соочува со егзистенцијална закана од милитантите на Хамас и други групи и дека дејствува во самоодбрана.
Ова е втор пат Генералното собрание на ОН да побара советодавно мислење од Меѓународниот суд на правдата, познат и како Светски суд, во врска со окупираната палестинска територија.