Авион кој летал за Ер Србија слетал со дупка и оштетени крила

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Кружењето на авионот над белградскиот аеродром го потврдува Flightradar.24, систем за следење на авиони во реално време

Авион на компанијата Marathon Airlines (Marathon Airlines), авиокомпанија која врши летови за Ер Србија, слета на белградскиот аеродром „Никола Тесла“ со дупка на трупот и оштетено крило, во неделата вечерта, на 18 февруари.

Како што може да се види на фотографиите и видеата објавени на социјалните мрежи, поради истекување гориво, пожарникарите морале да го испрскаат леталото со пена, за да избегнат пожар. Во авионот имало 106 патници.

Видете и ова: „Боинг“ ја одложува испораката на 50 авиони поради пропуст во изработката

Во таква состојба, авионот кружел над Белград еден час пред да слета, како што е потврдено од Flightradar.24, систем за следење на авиони во реално време.

Компанијата „Ер Србија“ не соопштува детали, само кусо соопшти дека авионот на летот за Дизелдорф е вратен од технички причини, а безбедноста на патниците не била загрозена.