На четвртиот конгрес на крилото на Алијансата за Албанците, предводено од поранешниот лидер на партијата Зијадин Села, е донесена одлука со која се разрешува актуелниот претседател на партијата Арбен Таравари и на негово место е избран Села.
Ова се случува на само два дена откако на вонреден конгрес на крилото на Алијансата за Албанците предводено од Таравари, беше укината функцијата претседател на Собранието на партијата која до тогаш ја извршуваше поранешниот претседател Села.
На конгресот во петокот Таравари беше реизбран за претседател на партијата.
Во партијата, која е дел од владејачкото мнозинство, има раскол, откако Таравари се приклони кон партиите кои се дел од албанскиот опозициски блок.
Видете и ова: Таравари на конгрес ја укина функцијата на СелаЗа разлика од него , Села во јавност изјавува дека партијата не е консултирана и дека тие ќе одат на избори самостојно.
Во меѓувреме Таравари најави дека ќе се кандидира за претседателските избори напролет и го предизвика лидерот на ДУИ Али Ахмети, да „ си ги измерат силите “ на претседателските избори.
Таравари кандидатурата синоќа ја потврди и пред партнерите од здружената опозиција на партиите на Албанците кои потпишаа меморандум за соработка на платформата под мотото „Вреди“ за здружена политичка борба. Како главни цели ги претставија токму кандидатурата на Таравари за претседателските избори, како и праќање на ДУИ во опозција.
Засега нема коментар од Тарави за конгресот на партијата, и крилото предводено до Села и неговата евентуална смена.
Алијансата за Албанците е формирана во 2015 година. Во 2017 влезе во владина коалиција со СДСМ и ДУИ, но, за помалку од една година, партијата ја напушти власта и премина во опозиција. Во 2023 Алијанса повторно влезе во власта.
По несогласувањата меѓу Таравари и Села, пред една недела беа сменети двајца министри, кои се од крилото на Таравари, министерот за здравство Фатмир Миџити и за администрација Азир Алиу. На нивно место беа назначени приврзаници на Села.