Релативно силен земјотрес ја погоди северната авганистанска провинција Балк на 18 февруари. Земјотресот e со јачина од 5 степени и на длабочина од 10 километри, покажуваат податоците од Геолошкиот институт на САД.
Портпарол на гувернерот на Балх, Хаџи Заид на социјалните мрежи напиша дека засега нема моментални извештаи за штети или жртви.
Видете и ова: Нова вулканска ерупција на Исланд
Во октомври, серија земјотреси со јачина до 6,3 степени ја потресоа западната авганистанска провинција Херат. Според Обединетите нации, во земјотресите загинале околу 1.500 луѓе, а биле повредени речиси 2.000 други.