Над 400 луѓе биле приведени во Русија додека му оддавале почит на опозицискиот лидер Алексеј Навални, кој почина во затворската казнена колонија. Оваа информација ја објави невладината организација за заштита на човекови права во Русија ОВД- Инфо.
Ненадејната смрт на 47-годишниот Навални беше доживеана како силен урад за многу Руси, кои своите надежи за иднината ги положија на најголемиот критичај на рускиот претседател Владимир Путин.
Навални беше гласен во своите критики кон Кремљ дури и откако преживеа труење со нервен агенс и доби повеќекратни затворски казни.
Веста одекна низ целиот свет, а стотици луѓе во десетици руски градови во петокот и саботата дојдоа до ад-хок спомениците на жртвите на политичките репресии со цвеќиња и свеќи за да му оддадат почит на политичарот. Во повеќе од десет градови, полицијата уапси 40о луѓе до саботата навечер, тврди групата за заштита на човекови права, која следи политички апсења и обезбедува правна помош.
Повеќе од 200 апсења биле извршени во Санкт Петербург, вториот по големина град во Русија, соопшти групата.
Меѓу приведените беше Григориј Михнов-Војтенко, свештеник на Апостолската православна црква - религиозна група независна од Руската православна црква, кој најави дека планира да изведе комеморација за Навални на социјалните мрежи, па беше уапсен во саботата наутро пред неговиот дом.
Тој беше обвинет за организирање митинг и сместен во ќелија во полициска станица, но подоцна беше хоспитализиран поради мозочен удар, објави ОВД-Инфо.