Семејството на Навални доби потврда за неговата смрт

Илустрација, руски опозициски лидер Алексеј Навални

Смртта на Алексеј Навални ја потврди неговата портпаролката Кира Јармиш, цитирајќи официјално известување дадено до мајката на Навални, Људмила.

„Бараме телото на Алексеј Навални веднаш да му биде дадено на неговото семејство“, напиша Јармиш во објава на социјалната мрежа „X“, поранешен Твитер.

Видете и ова: Дали смртта на Навални може да донесе промени во Русија?


Навални, долгогодишен борец за борба против корупцијата и најистакнат руски опозициски политичар повеќе од една деценија, почина во затвор на 16 февруари, соопшти локалниот огранок на Федералната казнена служба. Тој имаше 47 години.

Казнено-поправната служба во соопштение наведе дека Навални се чувствувал лошо по прошетката и последователно изгубил свест. Пристигнала брза помош во обид да го оживее, но тој починал, се додава во соопштението.