ОН бараат од Русија веродостојна истрага за смртта на Навални

Седиштето на ОН.

Канцеларијата за човекови права на Обединетите нации (ОН) ги повика руските власти да обезбедат веродостојна истрага за смртта на опозицискиот лидер Алексеј Навални во затвор.

Руските државни медиуми објавија дека 47-годишниот лидер на опозицијата починал во затвор во Сибир, повикувајќи се на Федералната служба за управување со казнениот систем.

Оваа информација се уште не е независно потврдена, ниту пак е потврдена од неговото семејство или поддржувачи.

Портпаролката на канцеларијата на ОН, Лиз Тросел, изјави дека доколку некој умре во државен затвор, се претпоставува дека државата е одговорна, пишува лондонскиот весник „Гардијан“.

„Таа одговорност може да се побие само преку непристрасна, темелна и транспарентна истрага спроведена од независно тело. Ги повикуваме руските власти да се погрижат да се спроведе таква веродостојна истрага“, рече таа.

Рускиот истражен комитет веќе објави дека покренал истрага за смртта на Навални.

Тросел ги повика руските власти да прекинат со прогонот на политичари, бранители на човекови права, новинари и други.

И комесарот за човекови права на ОН ја повика Москва да ги ослободи сите затвореници кои се држат во врска со легитимното остварување на нивните права, по смртта на рускиот опозициски политичар Алексеј Навални, во затор.

„Ги повикуваме руските власти да прекинат со прогонот на политичарите, бранителите на човековите права и новинарите, меѓу другото“, се вели во соопштението објавено во Женева од канцеларијата на Волкер Турк.

Видете и ова: Тажен ден за демократијата - Пендаровски по веста за смртта на Навални

Во соопштението Турк вели дека е „згрозена од веста“ дека Навални починал во затвор. Во него се вели и дека Турк во август минатата година истакнал дека последната 19-годишна казна донесена за Навални „покрена прашања за судско вознемирување и инструментализација на судскиот систем за политички цели во Русија“.

„Државата има зголемена должност да ги заштити затворениците“, се вели во изјавата во која се повикува на „непристрасна, темелна и транспарентна истрага спроведена од независно тело“.

Навални издржуваше затворска казна казната му беше продолжена на 19 години и беше испратен во затворот „Поларен волк“, еден од најстрогите во рускиот затворски систем.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Алексеј Навални опозиционен лидер кој му пркосеше на Путин

Навални беше приведен во јануари 2021 година на аеродромот во Москва додека се враќаше од Германија, каде што се лекуваше од труење со нервен агенс, за што ги обвини руските безбедносни оперативци кои, како што тврди, постапувале по директивите на Путин.

Потоа беше осуден на две и пол години затвор за прекршување на неговото претходно условно ослободување, додека во 2022 година беше осуден на уште девет години за наводно непочитување на судот и проневера, што тој го отфрли како политички мотивирана казна.

Во август минатата година казната му беше продолжена на 19 години и беше испратен во затворот „Поларен волк“, еден од најстрогите во рускиот затворски систем.