Египет гради ѕид и порамнува земјиште во близина на границата со Појасот Газа пред планираната израелска офанзива на пограничниот град Рафа, покажаа сателитски снимки анализирани од Асошиетед прес во петокот.
Египет, кој јавно не ја призна изградбата, неколку пати го предупреди Израел да не протерува повеќе од еден милион Палестинци кои сега се раселени во Рафа на египетска територија додека се бори против милитантната група Хамас, која ЕУ и АД ја прогласија за терористичка организација.
Сепак, подготовките на египетската страна на границата на Синајскиот Полуостров сугерираат дека Каиро се подготвува токму за тоа сценарио, нешто што може да го загрози неговиот мировен договор од 1979 година со Израел, кој беше главен столб на регионалната безбедност.
Египетската влада не одговори на барањата за коментар во петокот од АП.
Видете и ова: Бајден му порача на Нетанјаху да не дејствува во Рафа без план за заштита на цивилитеНа 11 февруари египетското Министерство за надворешни работи издаде соопштение во кое го предупреди Израел за можна офанзива врз Рафа и „преселување на палестинскиот народ“.
Сателитските снимки направени од „Максар Технолоџи“ (Maxar Technologies) во четвртокот покажуваат дека во тек е изградба на ѕидот, кој се наоѓа покрај патот Шеик Зувеид-Рафах на околу 3,5 километри западно од границата со Газа. Сликите покажуваат кранови, камиони и нешто што изгледа како однапред изработени бетонски бариери кои се поставени покрај патот.
Тие сателитски снимки се совпаѓаат со карактеристиките видени во видеото објавено на 12 февруари од Фондацијата за човекови права Синај со седиште во Лондон. На видеото се гледа како кран крева бетонски ѕидови покрај патот.
Се чини дека градежните екипи го израмнуваат и расчистуваат теренот за непозната цел, пренесува АП. Ова може да се види и на сликите од „Планет Лабс ПБЦ“ (Planet Labs PBC“).
Волстрит журнал, повикувајќи се на анонимни египетски функционери, опиша дека се гради „заграден простор од 20 квадратни километри“ во оваа област што може да собере повеќе од 100 000 луѓе.
Тврдокорните функционери во владата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја покренаа можноста за протерување на Палестинците од Појасот Газа, на што остро се противат главниот сојузник на Израел, САД.
Видете и ова: По делумната евакуација, израелските сили влегоа во главната болница во јужнa ГазаПојасот Газа и окупираниот Западен Брег се териториите кои Палестинците се надеваат да ги имаат за нивна идна држава.
Извештајот на израелското Министерство за разузнавање, составен само шест дена по нападот на Хамас од Појасот Газа на 7 октомври во кој загинаа 1.200 луѓе и повеќе од 250 луѓе бе земени како заложници, вклучуваше предлог за преселување на цивилното население на Газа во градови со шатори во северниот дел на Синај, а потоа изградба на постојани градови и недефиниран хуманитарен коридор.
Оттогаш, војната на Израел со Хамас уништи широки делови од крајбрежната енклава и уби повеќе од 28 600 луѓе, главно жени и деца, според Министерството за здравство на Газа, управувано од Хамас.