Американскиот државен секретар Антони Блинкен во четвртокот, 15 февруари, изјави дека дијалогот меѓу Косово и Србија, со посредство на Европската унија, е единствениот начин за напредок на двете земји.
„Правиме се што е можно за да ги поддржиме“, рече Блинкен.
Овие зборови ги кажа Блинкен од прес-конференцијата во Тирана со премиерот на Албанија, Еди Рама.
Блинкен рече дека Соединетите Држави, исто така, ќе работат со Албанија за да им помогнат на Косово и Србија да се движат кон нормализирање на односите.
Видете и ова: Посетата на Блинкен на Албанија е важна и за регионотТој рече дека неговата земја знае што се случило во регионот пред 30 години и додаде дека „не може да има повторување“.
„Поради оваа причина, ние сме посветени да ги поддржиме сите напори за подобрување на интеграцијата на целиот Западен Балкан“, рече Блинкен.
Американскиот државен секретар не одговори на новинарски прашања за одлуката на властите во Приштина да ја забранат употребата на српскиот динар на Косово. Станува збор за одлука која предизвика остра реакција кај американските дипломати.
И покрај повиците од Вашингтон, Владата на Косово не ја укина таа одлука.
Американскиот амбасадор во Косово Џефри Ховениер во четвртокот рече дека одлуката за динарот „влијае на квалитетот на односите“ меѓу САД и Косово.
Ова го истакна американскиот државен секретар за Европа и Евроазија, Џејмс О’Брајан.
Видете и ова: Ховениер: Одлуката на косовската влада за укинување на динарот се одрази на односите со САДЕди Рама порача дека властите во Косово не треба да преземаат никаков чекор без координација со САД.
„Акциите кои не се консултирани и координирани може да донесат некои гласови, но ако надворешната политика се претвори во инструмент на внатрешната политика, иднината не се добива“, рече албанскиот премиер.
Според неговите зборови, САД се „непоколеблив поборник“ за исполнување на меѓународниот субјективитет на Косово.
„Добро е Албанците каде и да се, почнувајќи од Косово, никогаш да не заборават дека без САД немаше да има независна држава Косово“, рече Рама.
Рама, исто така, го поддржа дијалогот меѓу Косово и Србија и оцени дека без поддршка и доверба од стратешките сојузници „иднината станува многу подалечна, а сегашноста многу посложена“.
Блинкен додаде дека Албанија е сила за регионална стабилност и вети дека САД ќе продолжат да и помагаат на Тирана на нејзиниот пат кон членство во ЕУ.