Утре, 16 февруари, во Скопје нема да има градски автобуси бидејќи вработените не ја добиле јануарската плата, соопшти попладнето на 15 февруари претседателот на Синдикатот на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП), Миќо Стојановски.
„Нема плата, нема возење“, порача Синдикатот објаснувајќи дека денеска – 15-тиот ден во месец е последниот законски ден за исплата на плата, но на сметките на вработените не се префрлени пари.
„Не се договоривме така со градоначалничката, со директорот. Советот на Град Скопје си ја заврши својата работа, ја донесе одлуката (за субвенции). Остана сега парите да се префрлат и платата да си биде во редовен рок. Меѓутоа, бидејќи чекаме до 14:30 часот кога е последниот миг да се префрлат парите во ЈСП и да легнат на сметката на вработените, тоа не се случи. Вработени експресно реагираа и ги информираме граѓаните дека вработените одлучија утре јавен градски превоз да нема“, рече претседателот на синдикатот, Миќо Стојановски.
Видете и ова: Советот на Град Скопје ги изгласа субвенциите за ЈСПСпоред неговата изјава, нема да работат билетарниците, контролорите, работнилниците и возачите.
„Сите сме сплотени заедно. Ова мора да престане. Сите јавни претпријатија во Скопје ја поделија јануарската плата, вработените во Градот Скопје и Советот ја поделија својата плата. Замислете за ЈСП нема плата“, рече Стојановски.
За неисплатена плата вработените во ЈСП реагираа и во јануари, стапија во штрајк и на неколку часа го прекинаа возењето, но на итна седница на Советот на Град Скопје беше донесена одлука за субвенции.