Американскиот државен секретар Антони Блинкен изрази благодарност за партнерството со Албанија, на средбата со младите во Тирана, на која присуствуваше и албанскиот премиер Еди Рама.
Блинкен денеска, 15 февруари, пристигна во посета на Албанија и досега има одржано повеќе средби со шефови на држави и други високи функционери.
Американскиот државен секретар се заблагодари на Албанија за засолништето на речиси 2.500 Авганистанци кои избегаа од Авганистан откако Талибанците се вратија на власт во август 2020 година.
Претходно тој се сретна со некои од овие авганистански семејства кои чекаат да заминат за САД.
„Нивното патување немаше да биде возможно без помошта на Албанија. Не е само фактот што ги чекате, туку и начинот на кој го правите тоа“, рече Блинкен.
Видете и ова: Блинкен утре во прва посета на ТиранаБлинкен рече дека за време на неговиот мандат на чело на американската дипломатија, нашол доверлив партнер кај албанскиот премиер Еди Рами, нагласувајќи дека тој е „покрај нас и заедно ги надминавме тешкотиите“.
Шефот на американската дипломатија високо ги вреднуваше врските меѓу американскиот и албанскиот народ.
Посетата на американскиот шеф на дипломатијата експертите од дипломатијата ја оценуваат како историска и од големо значење, не само за Албанија, туку и за целиот регион на Западен Балкан.
На аеродромот во Тирана Блинкен беше пречекан од албанскиот министер за надворешни работи Игли Хасани.
„Стратешкото партнерство и соработката на Албанија со САД, нашиот верен сојузник, само ќе расте, изградени врз цврсти темели меѓу нашите земји и народи“, напиша Хасани на мрежата Х (поранешен Твитер).
Ова е прва посета на високиот американски дипломат на Тирана, а според американскиот Стејт департмент, тој ќе се фокусира на иднината на Албанија и на Западен Балкан.
Според заменик-помошничката на државниот секретар на САД за Европа и Евроазиј4а, Јуриј Ким, посетата на Тирана се совпаѓа со почетокот на вториот век од американско-албанските односи.
„Сакаме да ја истакнеме добрата соработка што ја имаме со Албанија, сакаме да им се заблагодариме на оние кои беа главни домаќини на Авганистанците кои имаат потреба од тоа и што ја продолжија албанската традиција за заштита на оние кои се во опасност“, рече Ким.
Ким алудираше на прифаќањето на речиси 2.400 Авганистанци кои ја напуштија својата земја по враќањето на Талибанците на власт во летото 2021 година.
Албанскиот премиер Еди Рама, кој ќе се сретне со Блинкен и ќе одржи заедничка прес-конференција, претходно изјави дека посетата на висок американски функционер покажува дека албанската држава се издигнала на „друго ниво“ кога станува збор за меѓународното позиционирање.
„Албанија на крајот на денот не е ниту голема земја ниту воена сила. Но, според сите проценки, таа е важно место за САД, поради фактот што во ова турбулентно време и со таков товар на Државниот секретар и посветеноста на САД во светот, тој смета дека е неопходно и наоѓа време да биде во Албанија, тоа дефинитивно не е малку“, рече Рама на 14 февруари.
Покрај средбата со Рам, Блинкен ќе се сретне и со претседателот на Албанија, Бајрам Бегај.
За време на посетата на Блинкен, најверојатно ќе се разговара за тензиите меѓу Косово и Србија, јавува Асошиејтед прес (АП).
Видете и ова: Ескобар: Еднострани потези во односите меѓу Србија и Косово ќе имаат последициХоти: Посетата на Блинкен е историска за Албанија
Посетата на американскиот шеф на дипломатијата за предавачот по меѓународни односи во Албанија, Дритан Хоти, е значајна, како од аспект на меѓународната дипломатија, така и од безбедносниот аспект во регионот, но и поради инвестициите на САД во правосудството.
Тој рече дека оваа посета е историска по содржина, но дека треба да се гледа и како приказ на вистинска дипломатија.
„Денешната посета на американскиот државен секретар Ентони Блинкен на Тирана комбинира неколку елементи. Првиот се однесува на стратешката димензија, бидејќи тој е шеф на дипломатијата на една од најсилните суперсили на планетата. Како резултат на руско-украинската војна, ривалските тенденции во одредени делови од светот се забрзаа и се продлабочија. Американската дипломатија како дел од својата стратегија гради врски со Алијансата во различни делови од светот“, изјави Хоти за Радио Слободна Европа.
Според неговите зборови, Блинкен е во посета на Албанија, проамериканска земја која ја игра улогата на „мирен баланер“ во однос на меѓународните односи на Западен Балкан.
„Посетата на Блинкен комбинира стратешки елемент, но е поврзана и со специфичната важност што САД и ја дадоа на Албанија, албанскиот фактор во овој медитерански регион“, рече тој.
За поранешниот министер за одбрана на Албанија, Фатмир Медиу, посетата на американскиот државен секретар не е важна само за Тирана, туку и за целиот регион на Западен Балкан.
„Тоа е исклучително важна посета, имајќи ги предвид сите безбедносни проблеми, особено настаните во Украина, но и на Балканот. (Ова е важна посета поради) проблемите во регионот кои ги спомена и генералниот секретар на НАТО (Јенс Столтенберг), оваа посета ја прават важна особено што по Тирана, Блинкен оди во Минхен, каде што фокусот ќе биде ставен на проблемите на Балканот“, изјави Медиу за Радио Слободна Европа.
Видете и ова: О’Брајан: На Западен Балкан има замор од ветувањата за патот кон ЕУАлбанија се подготвува да организира самит на крајот на февруари за поддршка на Украина, која се соочува со руска инвазија, а Медиу вели дека оваа посета добива посебно значење и во тој контекст.
Ова е прва посета на Ентони Блинкен на Албанија и шеста посета на американски државен секретар. Албанија ја посетија Џејмс Бејкер во 1991 година, Медлин Олбрајт во 2000 година, Колин Пауел во 2003 година, Хилари Клинтон во 2012 година и Џон Кери во 2016 година.
Посетата на Блинкен на Албанија е дел од дводневното патување. По Албанија, тој ќе присуствува на Минхенската безбедносна конференција, заедно со американската потпретседателка Камала Харис, која ќе го одржи воведниот говор.
Во Германија, Блинкен се очекува да се фокусира на поддршката на Вашингтон за Украина, која се соочува со руска инвазија, а се очекува и да разговара за конфликтот на Блискиот Исток и засилените тензии во Тајванскиот теснец.