Украински дрон погоди складиште за нафта во руската област Курск и предизвика пожар во објектот, изјави денеска локалниот гувернер Роман Старовоит на каналот Телеграм.
„По нападот на депото нема повредени“, изјави гувернерот Старовоит.
Последна вест е дека Русија започна нова рунда ракетни напади и врз украинските градови, вклучително и главниот град Киев, објавија регионалните и локалните власти.
Серхи Попко, началникот на воената администрација на Киев, рече дека сите проектили насочени кон градот биле соборени и немало жртви. Тревогата за воздушен напад во главниот град траела повеќе од два часа.
Видете и ова: Украина соопшти дека уништила руски десантен брод на КримВо Лавов, градоначалникот Андриј Садовај рече дека прозорците на неколку згради биле разнесени од експлозии, но нема жртви.
Гувернерот на Запорожје, Иван Федоров, изјави дека во градот била погодена инфраструктурна цел и едно лице е рането.
о текот на изминатиот месец, руската енергетска инфраструктура беше погодена од напади со беспилотни летала и пожари. Како што пренесуваат странските агенции, ова ја зголемува неизвесноста на глобалните пазари на нафта и гас, кои веќе се потресени од конфликтот на Блискиот Исток. И Русија и Украина меѓусебно ја напаѓаат енергетска инфраструктура, нанесувајќи удари со цел да ги прекинат снабдувачките и логистичките линии.
Инвазијата на Русија врз Украина почна на 24 февруари 2022 година и трае речиси две години.